Уште две скопски општини се со над 400 активни случаи – Центар со 433 или 39 нови денеска и Карпош со 417 од кои 21 се нови
Аеродром со 505 случаи е општина во Скопје со најголем број активни случаи со коронавирус. Следуваат Центар со 433 и Карпош со 417 случаи. состојбата во останатите опптини во главниот град е следна:
• Чаир – 109
• Гази Баба – 256
• Кисела Вода – 296
• Ѓорче Петров – 198
• Бутел – 97
• Шуто Оризари – 14
• Студеничани – 3
• Сарај – 16
• Арачиново – 7
• Илинден – 35
• Сопиште – 17
• Чучер Сандево – 8
• Петровец –13
• Зелениково – 7
• Странец – 11
• Нераспределен- 73
Скопје и натаму е град со најголем број активни случаи – 2 515. Според денешната статистика, главниот град е рекордер и по бројот на новорегистрирани случаи во изминатите 24 часа – 303.