Починале три лица од Куманово, Прилеп и Богданци, на возраст од 67, 70 и 75-годишна возраст
Активни случаи има во 35 града во земјава, додека новите случаи се од 29 места
Рекордни 594 новозаразени со коронавирус се регистрирани во изминатите 24 часа во земјава, од направени 2 617 тестирања, соопшти Министерството за здравство вечерва.
Три лица починаа од Куманово (70г), од Прилеп (67г) и еден од Богданци (75г), сите во болнички услови.
Од новите случаи, најмногу се во Скопје-303, каде единствено има над 100 новозаразени, додека во останатите градови тие бројки се многу помали: Куманово-22, Дебар-5, Штип-13, Прилеп-19, Тетово-26, Струга-12, Велес-17, Битола-18, Охрид-10, Кавадарци-7, Гостивар-12,Гевгелија-13, Струмица-34, Крива Паланка-7, Радовиш-6, Кочани-18, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Пехчево-1, Берово-2, Валандово-7, Виница-2, Делчево-5, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-17, Ресен-7, Неготино-3.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 162 оздравени пациенти од: Скопје-79, Штип-8, Прилеп-6, Тетово-5, Струга-1, Велес-2, Битола-3, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-2, Струмица-12, Крива Паланка-6, Радовиш -1, Кочани-8, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-8, Валандово-3, Свети Николе-7, Кичево-4.
Со денешната статистика, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23 201, бројката на оздравени пациенти е 17 111, на починати е 824, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5 266.
Според завршените епидемиолошки анализи во моментов случаи на ковид има во 35 града и тоа:
• Скопје 9 654, активни 2 515
• Куманово 1 957, активни 214
• Дебар 307, активни 48
• Штип 1 433, активни 156
• Прилеп 897, активни 209
• Тетово 1 692, активни 271
• Струга 747, активни 80
• Велес 425, активни 94
• Битола 452, активни 142
• Охрид 506, активни 72
• Кавадарци 304, активни 72
• Гостивар 1023, активни 94
• Гевгелија 252, активни 128 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 35 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 569, активни 357
• Крива Паланка 175, активни 60
• Радовиш 164, активни 72
• Крушево 20, активни 0
• Кочани 556, активни 202
• Пробиштип 138, активни 23
• Демир Хисар 66, активни 5
• Македонски Брод 96, активни 2
• Пехчево 52, активни 8
• Берово 159, активни 36
• Валандово 79, активни 48
• Виница 147, активни 46
• Делчево 206, активни 110 (39 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 29, активни 5
• Свети Николе 420, активни 56
• Кичево 404, активни 71
• Ресен 191, активни 28
• Неготино 81, активни 27 (15 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2 617 теста се преку: ИЈЗ-820, ЦЈЗ Скопје-199, Авицена-495, Биотек-327, МАНУ -158, Жан Митрев (Филип Втори) -200, Систина со PCR метода -158, лабораторија Лаор –81, Судска медицина-6, ЦЈЗ Битола-93, Инфективна клиника-10, ГАК-11, Синлаб-59.
Досега во земјата се направени вкупно 219 158 тестирања на ковид -19.