Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се обрати пред пратениците во Собранието.
Ова ќе биде прво годишно обраќање во законодавниот дом на Пендаровски од стапувањето на должност во мај годинава по победата на претседателските избори.
Седницата е закажана во 12 часот.
Пендаровски пред пратениците зборуваше и на својата инаугурација. Тогаш тој порача дека нема да дозволи државава, која е мала, да биде поделена по низа основи и дека ќе биде претседател на сите граѓани, ќе им подаде рака на сите и повика на помирување.