Русија на крајот на август отвори истрага за можно труење на Навални
Руското државно обвинителство сака да го сослуша Алексеј Навални во Германија, каде што е во болницата, и да ги открие деталите за неговото патување во Новосибирск и Томск.
Обвинителството, заедно со сообраќајната полиција, испратиле соодветно барање до германското Министерство за правда, пренесува РТ.
Истражителите имаат намера да ја проверат верзијата дека Навални е затруен, како што соопштија германските власти.
Истражителите во Обвинителството се заинтересирани кој го испланирал службеното патување на Навални и кој го придружувал од моментот кога полетал од Москва, па сè додека не бил хоспитализиран во Омск.
Руското обвинителство е заинтересирано и зошто опозиционерот ги сменил хотелските соби додека бил во Томск.
Покрај тоа, тие ги бараат од германските експерти и сите анализи и токсиколошки испитувања.
Русија уште на крајот на август отвори истрага за можно труење на Навални.
Предвидено е Навални да биде испрашуван во Германија, а Министерството за правда на земјата го доби документот и во моментов го проучува.
Навални викендов објави фотографија на Инстаграм на која се гледа како се симнува по скали во берлинската болница, со порака дека неговиот пат кон закрепнување е „јасен, но долг“.
Навални, кој откри корупција во врвот на Русија, беше примен на одделот за интензивна нега во болницата во Омск на 20 август, откако одеднаш му се слоши за време на авионски лет од Сибир кон Москва.
Двата часа кои му го спасија животот на Навални
Тој беше префрлен во Германија два дена подоцна, каде што лекарите заклучија дека бил отруен од нервниот агенс новичок, кој потекнува уште од времето на Советскиот сојуз.
Навални е отруен со новичок, потврдија лаборатории од Франција и Шведска
Минатата недела, исто така на Инстаграм, тој објави видео од хотелската соба во која престојувал во Томск, каде тврди дека му бил ставен отровот во шишињата со вода.