Во прилог на спотот, во кој има секвенци од изјава на внуката на Делчев, од протести на ВМРО-ДПМНЕ, од положување цвеќе на гробот на револуционерот во Скопје…, Мицкоски наведува дека Делчев не треба да биде предмет на никакви договори и преговори
Со видео-спот објавен на фејсбук, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повика вечерва на масовност на утрешниот протест на опозицијата, посветен на Гоце Делчев.
Во прилог на спотот, во кој има секвенци од изјава на внуката на Делчев, од протести на ВМРО-ДПМНЕ, од положување цвеќе на гробот на револуционерот во Скопје…, Мицкоски наведува дека Делчев не треба да биде предмет на никакви договори и преговори.
„Гоце Делчев беше човек што обединуваше, кој имаше визија. Гоце Делчев беше и ќе остане Македонецот врз основа на кој ние ќе се сеќаваме на минатото, врз основа на тоа минато ќе ја градиме иднината. Ќе го продолжиме неговото дело да обединуваме, а не да разединуваме. Ние се гордееме и сме горди Македонци што сме имале таков јунак во нашата историја, а врз основа на таа историја ќе ја градиме иднината. Гоце Делчев е столбот на современата македонска држава, Гоце Делчев е Македонија, Гоце Делчев не треба да биде предмет на никакви преговори и разговори“,
напиша Мицкоски.
Вториот тематски протестен марш на опозицијата ќе почне од Министерството за правда, а ќе заврши пред Министерството за надворешни работи.
Поврзани вести:
