Вицепремиерот ја истакнал важноста на мрежата 5Г и стратегиската соработка со нашите американски сојузници во овој процес, посочувајќи и дека тоа ќе биде приоритет на новата влада. Тој го поздравил договорот од Вашингтон меѓу Косово и Србија, како и меѓусебното признавање меѓу Израел и Косово
Вашингтон ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во спроведувањето на неопходните и многу важни реформи насочени кон владеењето на правото и функционирањето на институциите на непристрасен и независен начин, истакнала американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз на денешната работна средба со првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби.
„Брнз, исто така, рече дека Северна Македонија треба да го одржи единството за да ја искористи можноста за членство во Европската Унија“,
се наведува во соопштението од средбата.
Амбасадорката нагласила дека САД се подготвени да ги продлабочат билатералните односи меѓу двете земји и да се заложат за зајакнување на понатамошно зголемување на директните американски инвестиции и за соработка во областа на дигиталната економија во согласност со сигурносните стандарди на НАТО.

Груби ѝ се заблагодарил на американската амбасадорка за континуираната и искрена поддршка на САД.
„Она зад што стои НАТО во Северна Македонија е најдобрата можност што ја имала земјата од нејзината независност бидејќи нашето полноправно членство во оваа Алијанса, покрај тоа што им носи безбедност на граѓаните и на државата, носи и повеќе инвестиции и поголем економски развој“,
изјавил Груби истакнувајќи дека Владата останува посветена на спроведувањето на реформите, со посебен акцент на сегментот правда.
Вицепремиерот Груби нагласил дека справувањето со здравствените и економските предизвици произлезени од пандемијата со ковид-19 останува приоритет на Владата.
„Груби ја истакна важноста на мрежата 5Г и стратегиската соработка со нашите американски сојузници во овој процес, посочувајќи и дека тоа ќе биде приоритет на нашата влада“,
се додава во соопштението.
Тој го поздравил договорот од Вашингтон меѓу Косово и Србија, како и меѓусебното признавање меѓу Израел и Косово и определувањето на Хезболах за терористичка организација,
