Владата на денешната седница донесе го дополни Деловникот за работа на Владата, во кој се вметнуваат надлежностите на Првиот заменик на Претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите, функција што за прв пат се воведува со овој владин состав, а ќе ја извршува Артан Груби.
Како што се објаснуваат од Владата, Првиот заменик на Претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите, ќе го заменува премиерот кога ќе биде отсутен, а кога и тој ќе биде спречен, оваа функција ќе ја извршува еден од замениците што премиерот ќе го определи.
Измените и дополнувањата се однесуваат и на подготвувањето и доставувањето на материјалите за разгледување на седниците на Владата, нивното разгледување и процесот на нивно утврдување, соопштија од Владата.
Позицијата прв вицепремиер беше договорена во рамки на разговорите на Заев со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и таа му припадна на Артан Груби, како министер во новиот ресор за политички систем, кој беше формиран минатата година, наместо Секретаријатот за Рамковен договор.
Покрај прв вицепремиер, во оваа влада првпат се воведува и позиција вицепремиерско место за спречување корупција и за одржлив развој и човечки ресурси. Таа функција ќе ја извршува Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ, кој е избран во парламентот како министер без ресор.
Љупчо Николовски како вицепремиер ќе ги координира институциите кои се борат против корупција