Охридскиот суд на барање на обвинителството одреди нови 30 дена притвор за општинскиот советник Нефи Усеини и за неговиот брат. Продолжувањето на притворот е поради сомнежот дека тие може да се дадат во бегство.
Тие се во притвор една недела откако сами се пријавија во полициска станица по шест дена недостапност за полиција. Браќата Усеини побараа да бидат ослободени нудејќи гаранција од 30 000 евра. Охридскиот суд им ја прифати, но обвинителството се пожали до Апелацискиот суд во Битола, кој одлучи да ја одбие гаранцијата и двајцата да останат во притвор.
Двајцата беа осомничени и за недозволено држење оружје, но сега обвинението се однесува само за насилство.
