Заменик министерот за цивилна заштита и управување со кризи, Никос Хардалиас денеска најави продолжување на досегашните мерки против ширење на коронавирусот за уште 14 дена, меѓу кои е и забраната за влез во Грција на државјани на трети земји. На оваа листа се наоѓаат и нашата земја и Албанија.
До 19 септември се продолжува мерката за задолжителни здравствените прегледи при пристигнувањето во Грција на сите патници од летови од Шведска, Белгија, Бугарија, Романија, Обединетите Арапски Емирати, Малта, Албанија, Северна Македонија и Шпанија. Од 31 август се воведува прекин на летовите од сите три аеродроми од Каталонија.
Хардалиас денеска објави дека за уште 14 дена се продолжуваат ограничувањата во неколку грчки и воведување дополнителни превентивни мерки на островите Лезбос и Закинтос.
Освен задолжителната употреба на маски за лице на отворено и во затворен простор, од 06:00 часот во сабота, се забранети забавите, саемите, поворките, јавните пазари, собирите на граѓани над девет лица од која било причина, било да се јавни и приватни, а во рестораните на еднаа маса ќе може да седат најмногу четири лица, освен освен ако не се семејство, кога се дозволени до шест лица.
Рестриктивните мерки се продолжуваат да важат и на островите Парос, Антипарос, Миконос, Крф, Санторини и Кос, Халкидики и Ханија, Крит, источна Македонија и Тракија, Атика, Солун, Лариса, Крф, Кардица, Пела и Пиерија.