Во споредба со изминатите години, овој август, сепак, е регистрирана помала фрекфенција, пред се поради пандемијата со ковид-19
Според статистиката од изминатите години, овој август регистрирана е помала фрекфенција, пред се поради пандемијата со ковид-19.
За време на викендот, преку граничниот премин „Блато“ на македонско-албанската граница, кај Дебар, минале околу 2 600 патници, што претставува рекордна бројка во изминатиот период од годинава.
„За време на викендот, преку преминот „Блато“, влез-излез оствариле 2 591 патник со 985 возила. Што се однесува на фрекфенцијата во овој месец, од 1 до 23 август преку преминот поминале 33 304 патници и 15.223 возила“,
изјави за МИА, Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.
Според статистиката од изминатите години, овој август регистрирана е помала фрекфенција, пред се поради пандемијата со ковид-19.
Во изминатите години, во обични денови границата ја минуваа по над 2.500 патници, додека во викенд и околу четири илјади.
Македонските државјани во Албанија патуваат најчесто за одмор на албанското крајбрежје, пред се во Шенѓин, каде климата е идентична со онаа на црногорскиот град Улцињ, објави МИА.
Поради близината, дебрани, пак, одат во соседните Пешкопеа и Маќелари заради пазарање, како што во најголем дел тоа го прават жителите од албанските погранични населени места, кои најбројни се во саботите кога во Дебар е пазарен ден.
Со изградбата на автопатот „Руга е Арбрит“ се очекува фрекфенцијата на преминот „Блато“ да се зголеми за неколупати, бидејќи оддалеченоста од Дебар до Тирана, наместо сегашните 180, ќе биде 72 километри.