Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја закажа седница за избор на влада откако денеска мандатарот Зоран Заев го поднесе предлог-составот.
Седницата е закажана за 29 август (сабота) во 11 часот и таа може да трае најмногу два дена.

Заев при поднесувањето на предлогот денеска изјави дека очекува од следната недела да имаме нова функционална влада.
„Очекувам добра дебата и мнозинство за од следната недела да имаме нова влада. Во фокусот ќе ни бидат решавањата на домашните проблеми, ќе бидеме влада која повеќе ќе се фокусира да сработи дома. Приоритет ни е справувањето со ковид-кризата, здравството, економијата, образованието, економијата и екологијата. Борба за секое работно место и за опстојување на фирмите, проверка на имотот на парите на функционерите, прочистување на судството, посветеност на преговарачките процеси со ЕУ и екологијата“,
рече Заев.