Ситуацијата со протестите во Бејрут ескалира, откако десетици демонстранти упаднаа во зградата на Министерството за надворешни работи, извикувајќи пароли против Владата, јавуваат светските медиуми.
Претходно полицијата фрли солзавец на демонстрантите кои се обиделе да се пробијат низ оградата за да стигнат до зградата на парламентот во Бејрут за време на протестите поради владините реакции за експлозијата во градот.
Околу 7 000 луѓе се собраа на Плоштадот во центарот на градот, од кои некои фрлале со камења.
Демонстрантите извикуваа: „Луѓето сакаат режимот да падне“.
Во експлозијата во пристаништето во Бејрут загинаа 158 лица, а беа повредени 6 000 лица и уништен дел од градот.
LOOK: A group of Lebanese protesters including retired army officers have stormed the Foreign Ministry building in #Beirut.
— Bloomberg QuickTake (@QuickTake) August 8, 2020
Protesters said the building would be headquarters for a “revolution” pic.twitter.com/ZgbEDeHZAk
Владата вети дека одговорните ќе ги изведат пред лицето на правдата. Интерпол најави дека ќе испрати тим експерти во Бејрут за да им помогне на либанските власти во истрагата за катастрофалната експлозија во пристаништето. Меѓународен тим кој вклучува и експерти за идентификација на жртвите од катастрофата ќе обезбеди помош на лице место.
Building goes on fire #Beirut #protest pic.twitter.com/jEtCMOB1uh
— Dalal Mawadدلال معوض (@dalalmawad) August 8, 2020
Генералниот секретар на Интерпол, Јирген Сток, рече дека искуството на организацијата ќе им обезбеди значителна помош на либанските власти и ќе продолжи да ја обезбедува целата помош што ја бара Либан.
Премиерот на Либан, Хасан Диаб денеска најави дека ќе предложи одржување предвремени избори во земјата, откако експлозијата во центарот на Бејрут во вторникот ја продлабочи кризата.