Вознемирувачко видео од младоженци кои прават фотосесија пред ресторан во Бејрут во време кога се случи експлозијата на пристаништето во градот.
Зетот и невестата позираа пред ресторан, а во еден момент се руши се околу нив. Видеото е објавено на социјалната мрежа Твитер, каде и претходно се споделуваа видеа од ужасната експлозија во која загинаа најмалку 150 лица, а а околу 5 000 се повредени.
My Hope is that they are ok 💔
— StanceGrounded (@_SJPeace_) August 7, 2020
Our hearts are with Beirut, Lebanon pic.twitter.com/USOd2NaXBa
Интерпол ќе испрати тим експерти во Бејрут за да им помогне на либанските власти во истрагата за катастрофалната експлозија во пристаништето.
„На барање на либанските власти, Интерпол испраќа специјализиран тим во Бејрут по експлозијата во која загинаа повеќе од 150 луѓе и уништи голем дел од градот“,
се вели во соопштението на Интерпол.
Меѓународен тим кој вклучува и експерти за идентификација на жртвите од катастрофата ќе обезбеди помош на лице место.