Во Бејрут владее хаос на улиците поради протестите кои беа предизвикани како резултат на експлозијата што уби над 150 лица. Илјадници граѓани протестираат против владините реакции за катастрофата што го снајде главниот либански град.
Полицијата почна да ја растерува толпата со солзавец, бидејќи демонстрантите се обиделе да се пробијат низ ограда за да стигнат до зградата на Парламентот.
Околу 5 000 луѓе се собраа на Плоштадот во центарот на градот, од кои некои фрлале со камења.
Демонстрантите извикуваа: „Луѓето сакаат режимот да падне“.
Во експлозијата во пристаништето во Бејрут загинаа околу 154 лица, а беа повредени 5 000 лица. Центарот на градот е речиси целосно уништен, а над 300 илјади жители се раселени и не можат да се вратат во своите домови.
Владата вети дека одговорните ќе ги изведат пред лицето на правдата.