Во последните 24 часа во Србија починаа шест лица со ковид-19, а регистрирани се нови 255 случаи.
Како што информира тамошното министерство за здравство, на респираторни машини се 121 пациент. Од почетокот на епидемијата во Србија се регистрирани вкупно 27 863 случаи на коронавирусот.
Досега бројот на смртни случаи во оваа земја изнесува 632, а бројот на оздравени пациенти е 14 047.
Во светот вкупно има 19 596 913 регистрирани случаи на ковид-19 од кои 12 587 017 се оздравени. Бројот на смртни случаи се искачи 724 979.