Цената на електричната енергија за домаќинствата се зголемува за 7,4 отсто, а граѓаните и понатаму ќе можат да ја користат евтината тарифа во истите период како и досега
Поскапува струјата, соопшти предмалку претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски.
Цената на електричната енергија што ја плаќаат домаќинствата на регулираниот пазар се зголемува за 7,4 отсто, а граѓаните и понатаму ќе можат да ја користат евтината тарифа во истите период како и досега, потврди Бислимоски.
Како пример, тој посочи дека на сметка од 1 500 денари сега покачувањето би изнесувало уште 100 денари.
Поскапување на струјата, како што рече, побарале сите електроенергетски компании поради проблемите што ги предизвика кризата со коронавирусот ковид-19.
ЕСМ, додаде Бислимоски, има намалување на приходите од продажба на вишоци на електрична енергија од 17 милиони евра, а МЕПСО намалување од 11 милиони евра.