Одѕивот на гласачите до 9 часот на парламентарните избори е 6,43%, соопшти Државната изборна комисија на првата денешна-прес конференција.

Во изборна единица 1 излезеноста е 6,58%, при што најголем одѕив до 9 часот има во Општината Аеродром со 10,13 отсто, а најмала е ви Студеничани со 1,81 отсто.
Во ИЕ 2 излезеноста до 9 часот е 4,58%, при што најголема е во Ѓорче Петров со 8,05%, а најмала во Липково 0,93%
ИЕ 3 е со излезеност од 6,1%, при што најголема е во Пробиштип – 10,25%.
Во ИЕ 5 одѕивот е 5,22%, при што најголем е во Кривогаштани 3,1, а најмал во Центар Жупа 1,01%.
ИЕ 4 е со најголема излезеност до 9 часот со 7,68 отсто, при што највисок е процентот во Општината Новаци со 10,87%.
Во ИЕ 6 излезеноста е 2,59%, при што најмногу гласале во Јегуновце 4,17, а најмалку во Врапчиште 1,39 отсто од гласачите.
До почетокот на прес-конференцијата до ДИК не пристигнале информации за нерегуларности при гласањето.
Резултатите може да се следат на веб-страницата на ДИК rezultati.sec.mk.