Според податоците од граничните евиденции на кои се повикуваат од МВР, Михаилова последен пат остварила влез во Бугарија во септември 2025 година, а во октомври лани е евидентиран нејзин излез од Бугарија, односно влез во Македонија
Окако соопштија дека на македонскиот граничен премин не е евидентиран излез на Ива Михаилова, од Министерството за внатрешни работи (МВР) сега дополнително информираат дека не е регистриран ниту нејзин легален влез на територија на Бугарија. Ваквата информација МВР ја добило преку заедничкиот контакт-центар на двете земји, по извршените проверки од страна на граничната полиција на Бугарија.

„Министерството за внатрешни работи изврши проверки во системот за гранична контрола, при што е утврдено дека за лицето Ива Михалова, за кое е во сила активна судска забрана, нема евидентиран излез од територијата на Македонија. Дополнително, преку заедничкиот контакт-центар со Република Бугарија, извршени се проверки и од страна на бугарската гранична полиција, од каде што е добиена информација дека за наведеното лице нема евидентиран легален влез на територијата на Република Бугарија“,
соопштија попладнево од МВР.
Според податоците од граничните евиденции на кои се повикуваат од МВР, Михаилова последен пат остварила влез во Бугарија во септември 2025 година, а во октомври лани е евидентиран нејзин излез од Бугарија, односно влез во Македонија. Инаку, на почетокот на октомври минатата година се случи сообраќајната несреќа со смртни последици – случај за кој во Кочани ѝ се суди на Ива Михаилова. Во рамки на постапката, како мерки на претпазливост, на младата девојка ѝ беа одземенени личните документи.
Таа заедно со својот адвокат успеала да ја напушти Македонија и да замине во Бугарија.
