Засега нема информации за здравствената состојба на велосидистот
Приватен градски автобус и велосипед попладнево се судрија во непосредна близина на Трговскиот центар „Мавровка“ на раскрсницата од булеварите „Крсте Мисирков“ и „Гоце Делчев“, во центарот на Скопје.

Како што може да се види на местото на настанот, велосипедот буквално завршил под предното десно тркало на автобусот.
Засега нема информации за здравствената состојба на велосидистот.
Полициски екипи се на местото и вршат увид.
Поради сообраќајната несреќа има застој на дел од коловозните ленти што водат од булеварот „Крсте Мисирков“ кон булеварот „Гоце Делчев“.
