„Од онаа страна, е мојот факулетот, мојот вечен дом, бидејќи сè што сум научила во животот е врзано за Правниот факултет. Сè уште верувам дека политиката може да се заузда со правото и дека на овој чуден свет му треба идеализам, право, правда и етика“, рече претседателката на државата во своето обраќање на првиот академски час на УКИМ
Вие бевте и за мене останувате бунтовници со причина, а јас напати се обидувам да ве имитирам, глумејќи политичарка, која сè уште има нешто бунтовно во себе. Со овие зборови претседателка на државата Гордана Сиљановска-Давкова го почна своето обраќање пред студентите на првиот академиски час во кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, организиран по повод почетокот на новата студиска 2026-2027 година.

Најавена на бината како првата жена претседател на државата и долгогодишна редовна професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, таа рече дека кога и да дојде на овој простор, чувстува некоја чудна младешка енергија и дека никогаш нема да го заборави најубавиот дел од животот.
Упратувајќи честитки до ректорката на УКИМ, минитсреката за обвразование и наука и до студентските лидерки, претседателката на државата рече дека во овој простор во бруталистички архитектонски стил одамна немало повеќе убавина и дека првиот школски дена останува прекрасно младешки обележано место.
„Зошто? Од онаа страна, е мојот факулетот, мојот вечен дом, бидејќи сè што сум научила во животот е врзано за Правниот факултет. Сè уште верувам дека политиката може да се заузда со правото и дека на овој чуден свет му треба идеализам, право, правда и етика“,
рече Сиљановска-Давкова.
Покажувајќи кон заградата каде што се наоѓа Филозофскиот факултет, таа посочи дека без филозофија нема принципи и вредности, а без прогрес и развој не можеме да одиме напред, посочувајќи кон Економскиот факултет.
Порача дека имаме тешка обврска кон Светите Кирил и Методиј да го продлжиме тоа што тие го започнале. Во тој контекст таа рече оти иако сме мала држава можеме да се пофалиме со умови и потести дека пред неколку дена таа највисоката државна награда и ја додели на светски познатата хемичарка и научничка, Светлана Мојсов.
„Знаете што ми кажа утрото кога дојде од Охрид на 47. издание на хемичарите и технолозите. Вели, доручекот го одбележа разгворот со еден млад студен по хемија – трета година. Прашањата што ми ги постави беа толку стручни што се вчудоневидив, кометарите што ми ги даваше беа исто така вистинско научно вознемирување. И што заклучи Светлана замислете, научничката која беше во три тимови коишто добија Нобелова награда за хемија и медицина, дека оваа земја со вакви умови сигурно треба да влијае на сегашноста и да ја одреди иднината“,
рече Сиљановска-Давкова.
Сепак, како што посочи, најважното според неа за студентите е да вежбаат да веруваат во силата на критичкиот ум. Таа раскажа мисла од американскиот автор Вилијам Фокнер, однос на негов разговоро со своите студенти, во кој ги советувал секогаш кога ќе се соочат со неправда, невистина и со сила, да се обидат да се спротивстават.
„Ќе речете па ние сме ученици од еден клас, што можеме да сториме. Ако во сите класови каде што овде предавам, истото се случи ќе живееме во поинаков свет, рекол Фокнер. Јас верувам дека времето на профитот на заминува, доаѓа време кога ќе зборуваме за софократија, за умот, но не заборавајте едно нешто што јас како млада го видов. Кога во филмот ‘Протеус’ роботот толку многу се хуманизираше, под наводници, што реши да го уништи својот творец“,
рече претседателката на државата.
Со оваа парабола Сиљановска-Давкова се осврна на вештачката интелигенција, велејќи да не дозволиме таа да го наруши природниот ум. Порача дека за да користиме вештачка интелигенција, мора да имаме природна интелигенција.
Според претседателката на државата, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ треба да биде предводник во промените, не само што е најстар и затоа што бил најдобар, туку затоа што, како што кажа, навистина има со што да се пофали и кон што да цели.

Говорејќи за Европската Унија и за Обединетите нации, Сиљановска-Давкова порача дека е време светската организација да ја добие својата прва претседателка, откако 80 години била управувана од мажи.
„Обедионетите нации настанаа како мировен проект, а ни се случува војна. Гледам многу девојки овде и не можам, а да не кажам дека 80 години Обединетите нации ги водеа мажи, водени од богот (на војната) Марс. Време е за жена генерална секретарка на Обединетите нации која ќе почне нова ера со маслинка враце и водена од Венера, а не од Марс“,
рече претседателката на државата.
Таа уште еднаш им порача на студентите да бидат критични и бунтовни, да ги бараат своите права и да создадат систем во кој реизборот на професорите и политичарите ќе зависи од нив.
„Не заборавајте дека колку повеќе знаете толку поконструктивни ќе бидете, толку потолерантни ќе бидете, толку повеќе разбирање ќе имате за другите, а не само за себе. Вреди да се учи, нема поголема инвестиција од тоа, вреди да се другарува со професорите, вреди да се критикуваат професорите, вреди да се менува светот, вреди да се студира на УКИМ“,
порача Сиљановска-Давкова.
