Во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“, управувано од М. М. (65)м и автомобил „опел корса“ управуван од С. Н. (27) – двете со скопски регистрации. По наредба на јавен обвинител, возачот на „мерцедесот“ е приведен
Две лица загинаа, а тројца се повредени во тешка сообраќајна несреќа што вчеравечер околу 21:35 часот се случила на автопатот Куманово – Скопје, во атарот на селото Агино.

Според наводите на МВР, во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“, управувано од М. М. (65), и автомобил „опел корса“ управуван од С. Н. (27) – двете со скопски регистрации. На самото место починале сопатниците во „опел корсата“ – В. Н. (49) и Л. М. (71) од Скопје.
„Л. Н. (48), сопатничка од возилото ‘опел корса’ се здобила со тешки телесни повреди, а сопатникот Б. Н. (28) и С. Н. (27) од Скопје се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје“,
соопштија од МВР.
На местото на настанот е извршен увид од страна на екипа од СВР Кунамово, а по наредба на јавен обвинител возачот на „мерцедесот“ е приведен. По документирањето на случајот, против него ќе биде поднесена пријава.
