Почетокот на седницата на која ќе објавени првостепените пресуди против четворицата поранешни командатни на ОВК е закажана во 10 часот утринава. Пресудата ќе биде изречена по повеќе од три години судење
Поддржувачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК) од утринава се собрани пред седиштето на Специјалниот совет во Хаг, исчекувајќи ја првостепената пресува за четворицата поранешни команданти на ОВК – Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи. Тие се товарат за воени злосторства и злосторства против човештвото поврзани со најмалку 407 притворени лица, од кои најмалку 102 биле убиени.

Дел од поддржувачите кои од утринава се собираат пред зградата на Специјализираниот совет во Хаг носат знамиња на ОВК, како и фотографии од Тачи, Весели, Селими и Красниќи.
Почетокот на седницата на која ќе бидат објавени првостепените пресуди против четворицата поранешни командатни на ОВК е закажана во 10 часот утринава. Пресудата ќе биде изречена по повеќе од три години судење.
Собири за поддршка на Тачи, Весели, Селими и Красниќи вчеравечер се одржаа и во Скопје и во Приштина.
Четворицата поранешни водачи на ОВК се во притвор во Хаг од ноември 2020 година, а судењето против нив почна во 2023 година. Обвинети се за злосторства против човештвото – прогон, убиства, мачење, злоставување и друг нехуман третман врз луѓе за време на војната во Косово во 1998 и 1999 година. Специјалното обвинителство во Хаг бара на секој од нив да му биде изречена казна од 45 години затвор, со тврдење дека доказите презентирани за време на судењето ги потврдиле кривичните дела за кои се товарат.
