На видеото, кое на Фејсбук го објави „Рома њуз“ и кое според форматот изгледа дека е од една од безбедносните камери, се гледа како се гледа како две момчиња доаѓаат со електрични тротинети пред дуќаните. Едното од нив потпалува оган и предизвикува пожар, по што двајцата бегаат од местото на настанот
На социјалните мрежи денеска е објавено видеоснимка која покажува дека пожарот во кој вчера рано наутро изгореа повеќе од 20 дуќани во трговски комплекс во Шуто Оризари е подметнат.

На видеото, кое на Фејсбук го објави „Рома њуз“ и кое според форматот изгледа дека е од една од безбедносните камери, се гледа како се гледа како две момчиња доаѓаат со електрични тротинети пред дуќаните. Едното од нив потпалува оган и предизвикува пожар, по што двајцата бегаат од местото на настанот.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) засега нема официјална информација во врска со причините за пожарот, односно дали е подметнат и доколку тоа е случај дали сторителите се идентификувани и приведени.
Во огнената стихија која избувна вчера нешто по 3 часот по полноќ опожарени се над 20 дуќани, сите во сопственост на едно лице, а коин биле дадени под наем. Во дуќаните, како што соопштија од МВР имало текстилна и друг вид стока.
Од МВР рекоа дека на местото е извршен увид и оти се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во гаснењето на пожарот, како што информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК), биле ангажирани 15 пожарникари и шест противпожарни возила кои го гаснеле огнот од 3:31 до 6:45 часот вчера утро.
