Со оваа одлука, Врховниот суд ја укина пресудата на Основниот кривичен суд Скопје од 23 април 2025 година, како и пресудата на Апелацискиот суд Скопје од 15 мај 2026 година
Инаку, на Јакимовски Основниот кривичен суд Скопје во април минатата година му досуди казна затвор од три и пол години во врска со градењето на административната зграда на Општина Карпош
Врховниот суд ги укина пресудите на Основниот кривичен суд Скопје и Апелацискиот суд Скопје во предметот против ексградоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и случајот го врати на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд.

Советот за казниви дела при Врховниот суд на вчерашната седница го уважи барањето на Јакимовски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, кое било поднесено преку неговиот бранител, адвокатот Виктор Светковски од Куманово.
Со донесената пресуда, Врховниот суд ја укина пресудата на Основниот кривичен суд Скопје од 23 април 2025 година, како и пресудата на Апелацискиот суд Скопје од 15 мај 2026 година.
Со тоа, предметот повторно се враќа пред првостепениот суд на повторно постапување и одлучување.
Инаку, на Јакимовски Основниот кривичен суд Скопје во април минатата година му досуди казна затвор од три и пол години во врска со градењето на административната зграда на Општина Карпош.
Кривичен го осуди Јакимовски за две дела – бесправно градење и злоупотреба на службената положба. За бесправната изградба на општинскиот објект Судот му изрече казна затвор од една година, а за злоупотреба на службената положба и овластување затворска казна од три години.
Тогаш Јакимовски рече дека пресудата е донесена без докази и дека е политички мотивирана.
Апелацискиот суд во мај годинава ја потврди едногодишната затворска казна за предметот со изградбата на општинската зграда во Карпош. Истовремено, ја уважи жалбата на Јакимовски во делот што се однесува на обвинението за злоупотреба на службена положба и овластување и поради тоа предметот во тој сегмент го врати на повторно судење.
По правосилноста на делот за бесправно градење, Јакимовски доби упатен акт да се јави на издржување на казната во затворот „Скопје“.
Со најновата одлука, Врховниот суд ги укинува првостепената пресуда од 2025 година и пресудата на Апелацискиот суд од 2026 година и предметот го враќа на повторно постапување пред првостепениот суд.
