Претходно, како што додаде, постоел технички проблем со детекција на мотоциклистите бидејќи камерите за мерење на брзината ја регистрираат предната страна на возилото, додека регистарската табличка кај мотоциклите се наоѓа на задната страна. Но, со поставување на соодветната опрема на клучните локации веќе се бележат првите резултати
Девет прекршоци за недозволена брзина кај мотоциклисти се констатирани уште првиот ден од нивната автоматска детекција со системот „Безбеден град“, информира министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Претходно, како што додаде, постоел технички проблем со детекција на мотоциклистите бидејќи камерите за мерење на брзината ја регистрираат предната страна на возилото, додека регистарската табличка кај мотоциклите се наоѓа на задната страна.
„Проблем беа оние што глумат дека се моторџии бидејќи вистинските моторџии ги почитуваат сообраќајните правила, носат кацига итн. Имавме технички проблем како да ги детектираме при еден од прекршоците што автоматски го детектираме, а тоа е брзината. Зошто? Од едноставна причина што камера за брзина детектира предна шасија, предна страна на возилото, а регистрацијата е на задната страна на моторот“,
вели тој.
Но, со поставување на соодветната опрема на клучните локации веќе се бележат првите резултати.
„Го решивме и тој дел територијата на Македонија, каде што првично сметавме дека има најдобри услови да се постават, ги поставиме и мислам дека првиот ден имаме констатирано некаде околу девет прекршоци за недозволена брзина од страна на оние што управуваат мотор и мислеа дека нема да може да бидат предмет на детекција на овој систем“,
кажа Тошковски.
Тошковски соопшти дека на 26 август камерите на „Безбеден град“ почнале да ги детектираат и мотоциклите што возат со брзина поголема од дозволената.
Целта на мерката, според министерот, е да се зголеми безбедноста на самите мотоциклисти, но и на другите учесници во сообраќајот, нагласувајќи дека во август од шест жртви во сообраќајни несреќи во четири управувале мотоцикл.
Посочи дека до 1 септември 2025 година имало 96 жртви во сообраќајни незгоди, а оваа година во истиот деветмесечен период имало 60 жртви.
