„Поради тежината на пожарот и можноста тој да невлезе на територија на Националниот парк ‘Пелистер’ наредив да полетаат авионите на ДЗС кои веќе започнаа со дејство“, изјави попладнево директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов информира дека попладнево избил голем пожар кај ресенското село Макази и се движи кон планината Пелистер.
Пожарот тргнал покрај неколку овоштарници со јаболка на најмалку две локации истовремено. Додека пожарникарите се обидувале да го сопрат, се појавил оган недалеку од местото како подолга огнена линија што, според Ангелов, упатува дека пожарот е подметнат.
„Поради тежината на пожарот и можноста тој да невлезе на територија на Националниот парк ‘Пелистер’ наредив да полетаат авионите на ДЗС кои веќе започнаа со дејство“,
вели Ангелов.
