Според партијата, премиерот Мицкоски мора да каже дали во неговата Влада има место за функционери кои величаат или оправдуваат осудени воени злосторници или ќе гои повика на политичка одговорност
СДСМ се повикува на Кривичниот законик и посочува дека одобрувањето или оправдувањето геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства е кривично дело. Ги посочува членот 407-а, кој предвидува одговорност за одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човештвото или воени злосторства, како и членот 319, кој го санкционира предизвикувањето или разгорувањето национална, расна или верска омраза, раздор и нетрпеливост
Укажува и на членот 20 од Уставот, според кој програмите и дејствувањето на политичките партии не смеат да бидат насочени кон повикување на воена агресија или разгорување национална, расна или верска омраза и нетрпеливост. Истата граница, според партијата, ја поставува и членот 4 од Законот за политичките партии
Од опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) бараат одговорснот од министерот за локална самоуправа, Иван Столковиќ, од неговата Демократска партија на Србите во Македонија и од директорот на Агенцијата за остварување на заедниците, Далибор Китановиќ поради величење на воениот злосторник Ратко Младиќ.

Ова на денешната прес-конференција во соопшти Кети Штерјова од СДСМ, посочувајќи дека наместо земјата да се движи кон демократските вредности, европската интеграција и просперитетот, во Владата има министри што величаат осудени воени злосторници, како Ратко Младиќ.
Според неа, Јавното обвинителство мора да постапи за величењето на Ратко Младиќ и да ја утврди одговорноста на Иван Стоилковиќ, неговата партија и директорот на Агенцијата, Далибор Китановиќ.
„Што чека Јавното обвинителство? Повик од Мицкоски? Стоилковиќ е министер во Владата на Мицкоски и претседател на Демократската партија на Србите. Китановиќ е директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците. Јавното обвинителство мора да си ја заврши работата и кривично да одговараат“,
рече таа на прес-конференцијата.
Дополнително, посочи дека премиерот Мицкоски мора да каже дали во неговата Влада има место за функционери кои величаат или оправдуваат осудени воени злосторници или ќе гои повика на политичка одговорност.
„Ова е дел од поширока агенда, Вучиќ, руска агенда, кинески инвестиции, воодушевување од Кина… ‘Српскиот свет‘ сега и во форма на почитување на воениот злосторник. Поделбите меѓу граѓаните во општеството, создавањето етнички тензии, навредите на Мицкоски, сето ова е дел од операцијата ‘Талог‘ за која предупредувавме. Но, одобрувањето или оправдувањето геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства е кривично дело. И за ова мора да има одговорност“,
кажа Штерјова.
Поделбите меѓу граѓаните, создавањето етнички тензии и навредите, како што наведе, се дел од операцијата „Талог“, на која предупредувале.
СДСМ се повикува на Кривичниот законик и посочува дека одобрувањето или оправдувањето геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства е кривично дело.
Партијата ги посочува членот 407-а, кој предвидува одговорност за одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човештвото или воени злосторства, како и членот 319, кој го санкционира предизвикувањето или разгорувањето национална, расна или верска омраза, раздор и нетрпеливост.
Укажува и на членот 20 од Уставот, според кој програмите и дејствувањето на политичките партии не смеат да бидат насочени кон повикување на воена агресија или разгорување национална, расна или верска омраза и нетрпеливост. Истата граница, според партијата, ја поставува и членот 4 од Законот за политичките партии.
„Законот постои. Кривичното дело постои. Надлежна институција постои“,
рече Штерјова.
Инаку, вчера на социјалните мрежи на Демократската партија на Србите во Македонија, чиј претседател е актуелниот министер за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ и на актуелниот директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Далибор Китановиќ имаше објави во кои се глорифицираше ликот на осудениот воен злосторник, Ратко Младиќ кој завчера почина во Хаг.
Остри рекации веднаш беа упатени од опозициските СДСМ и ДУИ.
Откако ДУИ ги обвинија дека молчат за објавата на нивниот коалициски партнер во Владата, со соопштение излезе и владејачката Влен, кое повеќе се однесуваше на објавата на директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Далибор Китановиќ, отколку на текстот што на Фејсбук го сподели партијата на актуелниот министер за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ.
Поврзани вести:
- ДУИ до Влен: Молкот пред величењето на геноцидот е соодговорност
- ЛДП бара Владата да се огради од глорификација на осудени за геноцид
- Партијата на министерот Стоилковиќ објави текст во кој го глорифицира Ратко Младиќ – остри реакции од СДСМ и ДУИ
- Влен го осудува глорифицирањето на Ратко Младиќ – посочува на раководител на институција, но не и на партијата на Стоилковиќ
