Кралската палата во Осло соопшти дека кралот починал мирно утринава во 6:35 часот во Националната болница, каде што беше хоспитализиран минатата недела поради крвно заболување. Престолонаследник ќе биде неговиот син Хакон
На 89-годишна возраст, денеска почина норвешкиот крал Харалд Петти.

Кралската палата во Осло соопшти дека кралот починал мирно утринава во 6:35 часот во Националната болница, каде што беше хоспитализиран минатата недела поради ретко крвно заболување.
Членови на кралското семејство вчера го посетија кралот, јавува Би-би-си. Поради неговата влошена здравствена состојба, граѓани изминатите денови положуваа цвеќе на плоштадот пред кралскиот дворец во Осло.

Кралот Харалд Петти е роден на 21 февруари 1937 година на имотот Скаугум во близина на Осло.
Имал три години кога Адолф Хитлер наредил инвазија на Норвешка од страна на нацистичка Германија на почетокот на Втората светска војна. Мајката на Харалд избегала со своите деца преку границата во Шведска, од каде што отпатувале во САД на покана на претседателот Франклин Д. Рузвелт. Принцот Харалд се вратил со своето семејство во Норвешка на крајот од војната и ги завршил школувањето и задолжителната воена служба.
Се оженил со Соња Харалдсен во 1968 година, откако неговиот татко, кралот Олав, дал согласност за бракот со жена која не била од кралски ранг. Со неа има две деца – Марта Луиз и Хакон.
Кога неговиот дедо, кралот Хакон, починал во 1957 година, Харалд станал престолонаследник, а тронот формално го презл во јануари 1991 година, по смртта на неговиот татко – кралот Олав.
Како страствен и искусен едриличар, норвешкиот крал три пати ја претставуваше Норвешка на Олимписките игри.
Наследник на кралот Харалд Петти ќе биде неговиот син Хакон.
