Според првичните информации, на инцидентот во францускиот град Кан му претходела расправија во бар. Во препирката бил вклучен и осомничениот 26-годишник, кој потоа влегол во своето возило и удрил во групата луѓе. Откако удрил во нив, избегал со својот автомобил, но набрзо бил уапсен на околу 20 километри од местото на несреќата
Најмалку едно лице загина, а десет се повредени, од кои неколку потешко, откако 26-годишник со својот автомобил намерно влетал во група луѓе во близина на железничката станица во францускиот град Кан.

Според првичните информации, на инцидентот му претходела расправија во бар. Во препирката бил вклучен и осомничениот 26-годишник, по што влегол во своето возило и удрил во групата луѓе. Откако удрил во нив, избегал со својот автомобил, но набрзо бил уапсен во градот Уистрем, на околу 20 километри од местото на несреќата.
Во инцидентот се повредени десет лица од кои седум се критични, а тројца се во стабилна, но сериозна состојба. Повредените се згрижени во Универзитетската болница во Кан и во други здравствени установи.
Според заменик-градоначалникот на Кан, Бруно Кутансес, сите повредени се мажи. Најмладиот имал 17, а најстариот околу 40 години. Осомничениот, инаку роден во Русија, е во притвор. Лицето не им е познато на разузнувачките служби, а на полицијата ѝ бил познат само по сообраќајни прекршоци.
За случајот е отворена истрага под сомнение за убиство.
