Според гувернерот на регионот Белгород, Шуваев, во последните украински напади изгорела зграда, а бил оштетен и еден автомобил во селото Колосково во Валујскиот округ, кое се наоѓа во близина на границата меѓу Русија и Украина
Шест лица се убиени, а четири други се повредени во ракетни напади што украинските сили ги извршиле во текот на ноќта врз рускиот регион Белгород, соопшти вршителот на должноста гувернер на регионот, пренесе Би-би-си.

Меѓу повредените, како што објави гувернерот Александар Шуваев рано утрово на на Телеграм, е и едно четиринаесетгодишно дете.
Нападите доаѓаат ноќта по оној што официјални претставници го оценија како најголем напад по обем што Украина го изведе во текот на оваа година, а во кој беа убиени најмалку седум лица.
Инаку, во руски напади врз Украина, извршени истата ноќ, според британскиот национален сервис, загинале најмалку седум лица, а повеќе од 39 беа повредени.
Според гувернерот на регионот Белгород, Шуваев, во последните украински напади изгорела зграда, а бил оштетен и еден автомобил во селото Колосково во Валујскиот округ, кое се наоѓа во близина на границата меѓу Русија и Украина.
Како што додава тој, повреденото дете било пренесено во болница, а медицинска помош им била укажана и на уште две лица.
Москва во текот на изминатите неколку недели ги интензивира ракетните напади ширум Украина, додека Киев, исто така, ги засили своите напади со беспилотни летала длабоко на територијата на Русија.
И двете завојувани страни меѓусебно се обвинуваа дека во нападите се гаѓаат цивили и цивилна инфраструктура.
