Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека руските сили извршиле ракетен напад предизвикувајќи пожари во најмалку два квартови на украинскиот главен град. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, пак, објави дека околу 600 украински дронови биле лансирани кон руската метропола во текот на ноќта
Руските и украинските сили разменија нови масовни напади во текот на ноќта.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека руските сили извршиле ракетен напад предизвикувајќи пожари во најмалку два квартови на украинскиот главен град. Во нападите загинале најмалку три лица, а повеќе од 10 се повредени. Сирените за тревога се огласиле во 2 часот наутро.
Украина соопшти дека успеала да собори три руски ракети и речиси 100 дронови.
Во меѓувреме, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека околу 600 украински дронови биле лансирани кон руската метропола во текот на ноќта. Во нападите бил погоден магацин во сопственост на рускиот онлајн трговец на мало „Вајлдберис“. Собјанин рече дека воздушната одбрана во Московскиот Регион уништила 201 беспилотно летало, а повеќето од останатите биле пресретнати пред да влезат во областа.
„Од вчеравечер до 6:30 часот утринава, 600 дронови летаа кон Московскиот Регион, од кои 201 беа уништени“,
објави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.
Русија ги интензивира воздушните напади низ Украина во последните недели, додека Киев го засили насочувањето кон руските логистички центри, со цел да се попречи воениот транспорт.
