Несреќата се случила кога туристичкиот автобус, кој патувал од Полска, излетал од автопатот М3 во Унгарија и се превртел во канал околу 1 часот по полноќ. Унгарската полиција објави дека еден од возачите е приведен бидејќи првичните наоди укажуваат на тоа дека заспал додека управувал со автобусот
Дванаесет лица загинаа, а најмалку 10 се повредени откако автобус се преврте на автопат во источна Унгарија во текот на ноќта. Автобусот бил со полски регистарски таблички.

Информацијата за несреќата утринава на социјалните мрежи ја потврди премиерот на Унгарија, Петер Маѓар, кој изрази сочувство до семејствата на жртвите и им заблагодари на спасувачките екипи.
„Дванаесет лица загинаа, а најмалку десет се тешко повредени во текот на ноќта кога полски автобус падна во канал на автопатот М3. Моето искрено сочувство до семејствата на жртвите!“,
напиша Маѓар во објава на Фејсбук.
Несреќата се случила кога туристичкиот автобус, кој патувал од Полска, излетал од автопатот М3 во Унгарија и се превртел во канал околу 1 часот по полноќ, по излез од североисточниот град Мезокерестес.

За време на несреќата, во автобусот имало 57 патници и двајца возачи.
Унгарската полиција објави дека еден од возачите во моментов е приведен бидејќи првичните наоди укажуваат на тоа дека тој веројатно заспал во текот на возењето.
