УХМР најавува период на стабилно и потопло време, освен во вторник, кога се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и ветер
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Вакво време најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Во текот на денот дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 7 до 18 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 28 до 35 степени.
Времето во Скопје ќе биде сончево со слаб ветер од променлив правец со температури кои ќе се движат од минимални 15 до максимални 35 степени.
УХМР најавува период на стабилно и потопло време, освен во вторник следната недела, кога се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и ветер.
