Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во Битола и Прилеп.
Според МВР, синоќа (14.8.2026 г.) во 21:15 часот, на улица „Јорго Костовски“, на место викано Тепсија во Битола, полицијата го лишила од слобода Е.К. (39) од Битола бидејќи бил затекнат како предизвикува пожар на отворен простор.
Претходниот ден (13.8.2026 г.) во 23:10 часот полициски службеници од ОВР Прилеп, на место викано Падарица во Прилеп, го лишиле од слобода И.Ч. од Прилеп бидејќи тој исто така бил затекнат како предизвикува пожар на отворен простор, при што кај него била пронајдена и запалка.
Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.
