Попладне, претежно во југоисточните делови, ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во југоисточните делови, ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Се очекува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Се очекува минималната температура да се спушти до 18, а максималната да достигне до 35 степени.
Според најавите, следува период на стабилно и потопло време, освен во вторник, кога ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.
