Под контрола се три пожари – депонијата во Општина Делчево, во Општина Могила кај селата Лознани и Вашарејца и во Општина Јегуновце кај село Копанце

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска до 7:30 часот се регистрирани вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои активни се шест, под контрола три, а изгаснати се 31 пожар.
Спред ЦУК, активни се пожарите во Општина Студеничани – над селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде гори мешана шума, во Општина Македонски Брод – место викано Видуш, кај село Драгов Дол, каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, во Општина Битола кај село Лопатица гори ниска вегетација, во Општина Новаци – селата Маково, Мојно и Брник, каде што гори ниска вегетација и деградирана шума, во Општина Крушево – на потегот од село Алданци до село Норово гори нискостеблеста, деградирана дабова шума и во Општина Велес – село С’лп каде што со огнот е зафатена шума.
Под контрола се три пожари – депонијата во Општина Делчево, во Општина Могила кај селата Лознани и Вашарејца и во Општина Јегуновце кај село Копанце.
Од ЦУК информираа локациите на изгаснатите пожари:
Општина Сарај: Сарај (ниска вегетација и дрвја)
Општина Сарај: с. Семениште (борова и ниска вегетација)
Општина Сарај: с. Раовиќ (ниска вегетација и мешана шума)
Општина Прилеп: с. Сенокос (железнички прагови)
Општина Прилеп: кај старата фабрика „Партизанка“ (ниска вегетација)
Општина Прилеп: регионален пат с. Беровци – с. Веселчани (ниска вегетација)
Општина Прилеп: месност „Варош“ (ниска вегетација)
Општина Прилеп: ул. „Благоја Шукуроски“, спроти црквата „Св. Димитриј“ (ниска вегетација)
Општина Прилеп: над бараки Варош (ниска вегетација)
Општина Кривогаштани: с. Мирче Ацев, односно с. Петрово (пчеларник)
Општина Крушево и Долнени: с. Селце и с. Житоше (ниска вегетација)
Општина Ново Село: помеѓу с. Борисово и с. Колешино (две диви депонии)
Општина Василево: с. Василево (депонија)
Општина Охрид: с. Велгошти (ниска вегетација)
Општина Охрид: Петрино, ул. „15-ти Корпус“ (стрниште)
Општина Струга: с. Долно Татеши (ниска вегетација и нискостеблеста шума)
Општина Струга: с. Корошишта (стрниште, ниска вегетација и насади со лешници)
Општина Кичево: с. Манастирско Доленци (нискостеблеста деградирана шума)
Општина Кичево: с. Гарани (стрниште и куќа)
Општина Чашка: Богомила, кај железничката станица (ниска вегетација, дрвени железнички прагови и бандери)
Општина Велес: помеѓу с. Сливник и с. Бузалково (ниска вегетација, грмушки и бандери)
Општина Кавадарци: с. Чемерско (сува трева и грмушки)
Општина Кавадарци: ул. „Сремски Фронт“ бр. 18
Општина Куманово: с. Косматец (ниска вегетација)
Општина Липково: с. Слупчане (плевна и дел од куќа)
Општина Јегуновце: с. Сирочино (депонија)
Општина Јегуновце: над с. Копанце (ниска вегетација и ситни грмушки)
Општина Тетово: с. Џепчиште (ниска вегетација)
Општина Врапчиште: с. Градец (ниска вегетација и ѓубре)
Општина Гостивар: на излез од Гостивар (ниска вегетација)
Општина Гостивар: с. Страјане (ниска вегетација)
