Оваа негова порака е одговор на паниката што се создаде кај скопјани по информации пласирани на социјалните мрежи дека водата не треба да се консумира зашто во неа е пронајдена бактеријата ешерихија коли

Во водата од градскиот водовод во Скопје нема ешерихија коли или каква било друга бактерија. Таа е чиста и безбедна за пиење – порача пред малку на прес-конференција градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Оваа негова порака е одговор на паниката што се создаде кај скопјани по информации пласирани на социјалните мрежи дека водата не треба да се консумира зашто во неа е пронајдена бактеријата ешерихија коли.
„Сакам да им порачам на скопјани да бидат спокојни. Скопјани пијат безбедна вода, една од најквалитетните во Европа. Зад ова стојам со мојата морална и кривична одговорност. По овој напад што ни се случува од утрово, апелирам до граѓаните да не се создава хистерија“,
рече Ѓорѓиевски.
Тој пред камерите се напи чаша вода од чешма и рече дека ја пие и неговото семејство.
(Следува повеќе)
