Во текот на изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор

Два пожара на отворен простор се активни утринава, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки горат во близина на селото Драгов Дол во Општина Македонски Брод. Вториот активен пожар е во кумановската населба Средорек, каде гори запалено ѓубре.
Од ЦУК велат дека во текот на изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор. Од нив изгаснати се 20, а пожарот на градската депонија во Делчево е под контрола.
