Еден пожар е под контрола, информира Центарот за управување со кризи
До 18 часот на територија на државата се регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор – информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив пет се активни, еден под контрола, а девет се изгаснати.

Според информациите на ЦУК, активни пожари има помеѓу селата Слатина и Грешница и кај селото Девич во Општина Македонски Брод, помеѓу селата Делогожда и Татеши во Општина Струга, кај крушевското село Борино и кај селото Баранци во Општина Битола. Главно се зафатени ниска вегетација и шума.
Под контрола е пожарот помеѓу селата Горна и Долна Лешница во Желино, каде што гори мешана шума.
Изгаснати се пожарите во Велес кај фирмата Енмон, во Струмица кај село Добрејци, кај гробиштата во Општина Ѓорче Петров, во Општина Босилово кај село Сарај, кај валандовското село Дедели, кај селото Сарачиево во Штип, кај клучката во Марино во Илинден, во селото Буковиќ во Општина Сарај и кај гостиварското село Градец.
