Иако е забележано зголемување од претходниот ден, сепак вкупниот тренд е значително понизок во однос на времето кога беше пикот од 18 јули, кога беа евидентирани 649 прегледи
Во текот на вчерашниот ден во здраствените устави во Гостивар се регистрирани 60 нови прегледи, информираат денеска од Министерството за здравство (МЗ).

Оттаму велат дека иако е забележано зголемување од претходниот ден, сепак вкупниот тренд е значително понизок во однос на времето кога беше пикот од 18 јули, кога беа евидентирани 649 прегледи.
„Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна“,
се вели во соопштението од здравствените власти.

Од 14 до 31 јули се регистрирани вкупно 4 543 прегледи. Примени се 1 028 формални пријави за заразна болест и изработени се 730 нови епидемиолошки анкети со опфат од 71 отсто.
На 30 јули беа регистрирани 36 прегледи, што е двојно помалку од бројката евидентирана во претходниот ден.
