За случајот претходно денеска објави министерот за локална самоуправа и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ, кој информира дека во текот на ноќта просториите што ги користи Културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово се оштетени, а на ѕидовите се испишани натписи УЧК
Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски остро го осуди и побара итно расчистување на случајот со вандализирањето на просториите на Културно-уметничкото друштво „Српски вез“.

„Најостро го осудувам вандализирањето на просториите на КУД ‘Српски вез’ во Куманово. Барам од органите на истрагата да го утврдат идентитетот на сторителите и да ги изведат пред лицето на правдата. Куманово отсекогаш бил град на мултикултура и соживот, таков и ќе остане“,
порача Димитриевски, додавајќи дека ваквите дејствија не се патриотски, туку шовинистички и со една цел – подгревање на националната нетрпеливост.
За случајот претходно денеска објави министерот за локална самоуправа и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ, кој информира дека во текот на ноќта просториите што ги користи КУД „Српски вез“ во Куманово се оштетени, а на ѕидовите се испишани натписи УЧК.
„Ксенофобијата со примеси на шовинизам константно присутна во јавноста, посебно изразена последниве две години од учеството на Демократската партија на Србите во Македонија во Владата, пропратено со незаслуженот молк на јавноста, почнува да дава видливи резултати кои се многу поголеми од вандализмот на оваа дивјачка хорда, чие насилничко, деструктивно и нецивилизирано однесување врз имотот и просториите каде на КУД ‘Српски вез’ каде што со фолклор се занимаваат повеќе од 200 деца и скрнавењето со натписи УЧК кое и државата и јавноста би требало најстрого да го санкционира“,
напиша Стоилковиќ во објава на Фесјбук.
СВР Куманово го потврди случајот, додавајќи дека се преземаат мерки за негово расчистување.
