Од Здравство велат дека бројот на нови прегледи е благо зголемен во однос на претходниот ден, но е намален во споредба со регистрираните во изминатиот период
Во општата болница „Д-р Ферид Мурат“ се извршени 91 преглед, од кои 41 на инфективното одделение и 50 на педијатриското одделение. Дежурната служба на гостиварскиот Здравствен дом извршила 36 нови прегледи
Новопрегледани 127 лица со симптоми на ентероколит (стомачни тегоби), кои првпат побарале лекарска помош, вчера се евидентирани во јавните здравствени установи во Гостивар, информираат денеска од Министерството за здравство.

Оттаму велат дека бројот на нови прегледи е благо зголемен во однос на претходниот ден, но е намален во споредба со регистрираните во изминатиот период.
Во Општата болница „Д-р Ферид Мурат“ се извршени 91 преглед, од кои 41 на инфективното одделение и 50 на педијатриското одделение.
„Еден пациент е примен на болничко лекување на инфективното одделение, а еден на педијатриското одделение“,
се вели во соопштението од Здравство.
Дежурната служба на гостиварскиот Здравствен дом извршила 36 нови прегледи.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој го предводи Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи денеска соопшти дека водата во Гостивар е прочистена од фекалии и конечно може да се користи како техничка.
„По повеќекратни испитувања, имаме добиено потврда од страна на експертите дека таа ќе може да се користи како техничка вода, за бањање и сите потреби во рамки на домаќинството, но не и за пиење ниту, пак, за приготвување храна“,
кажа тој.
Сепак, посочи дека ќе продолжат да го снабдуваат Гостивар со пакувана вода.
