Во партиското соопштение се вели дека вчера во Гостивар се регистрирани уште 125 прегледи на лица со симптоми, при што едно дете е хоспитализирано
Од партијата бараат одговорност од надлежните и посочуваат дека сè уште останува неодговорено прашањето кога некој ќе ја преземе
Од опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) денеска побараа одговор од граѓаните, дали веруваат во последната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека од денеска техничката вода во Гостивар ќе може да се користи.

Оттаму велат дека над 4 070 граѓани во Гостивар побарале медицинска помош, а вчера се регистрирани уште 125 прегледи на лица со симптоми, при што едно дете е хоспитализирано.
Според партијата, водата била загадена со фекалии, а институциите не реагирале навреме и не ја информирале јавноста.
„Симптомите почнале на 14 јули. Епидемија е прогласена дури на 19 јули. Цели пет дена институциите не ја информирале јавноста навреме и не презеле мерки. Додека граѓаните масовно завршувале по амбуланти и болници“,
се вели во партиското соопштение.
Министерот за здравство Сашо Клековски, како што додаваат од партијата, потврдил дека има отстапувања во резултатите од земените примероци од водата во Гостивар и додаде дека предупредувањата дошле предоцна.
„Ова не е технички пропуст туку системски колапс. Кога институциите молчат, додека илјадници луѓе се трујат,
додаваат од СДСМ.
тогаш повеќе не зборуваме за грешка. Зборуваме за однос кон граѓаните“,
Оттаму бараат одговорност од надлежните, посочувајќи дека се уште останува неодговорено прашањето кога некој ќе ја преземе.
„Мицкоски вели дека од денес техничката вода во Гостивар е чиста. Дали му верувате?“,
прашуваат од опозициската партија.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера соопшти дека е во тек е процесот на хиперхлорирање на водоводната мрежа и од денеска се очекува да биде соопштено дека водата во Гостивар е технички исправна за користење.
Ја обвини опозицијата дека шири дезинформации и непотребна паника меѓу населението со стари извештаи за неисправност на водата.
Здравствените власти, пак, информираа дека кризата со труењето од водата во Гостивар бележи надолен тренд и влегува во смирувачка фаза, а според најновите податоци, бројот на пациенти кои бараат лекарска помош е значително намален.
