Според новите правила, земјите што се обврзале да воведат и да спроведуваат забрана за увоз на производи изработени со принудна работа ќе плаќаат царина од 10 отсто, додека за останатите стапката ќе изнесува 12,5 отсто
Неколку држави веќе реагираа на мерката. Бразил ги оцени царините како неоправдани и произволни и најави можен одговор според својот закон за реципроцитет. Јапонија изрази жалење поради одлуката, нагласувајќи дека нејзината трговија се одвива во согласност со меѓународните правила, додека Австралија ги оцени царините како целосно неоправдани. Кина повторно ги отфрли обвинувањата за принудна работа и порача дека се противи на воведување еднострани царини
Соединетите Американски Држави (САД) воведоа нови царини од 10 до 12,5 отсто за 60 од своите најголеми трговски партнери, меѓу кои се Европската Унија, Кина, Велика Британија, Канада, Јапонија и Индија поради недоволното спроведување на забраните за увоз на производи произведени со принудна работа, пренесува Би-би-си.
Според Канцеларијата на трговскиот претставник на САД, мерката се однесува на земји што сочинуваат 99,4 проценти од американскиот увоз.

Американскиот трговски претставник Џејмисон Грир соопшти дека мерката има за цел да ги коригира злоупотребите на човековите права и искривените трговски практики, повикувајќи се на Член 301 од Законот за трговија од 1974 година.
Според новите правила, земјите што се обврзале да воведат и да спроведуваат забрана за увоз на производи изработени со принудна работа ќе плаќаат царина од 10 отсто, додека за останатите стапката ќе изнесува 12,5 отсто.
Од царините ќе бидат изземени нафтата и гасот, ѓубривата, одредени прехранбени производи, како и стоките што веќе се предмет на царини од безбедносни причини, меѓу кои автомобилите, челикот, алуминиумот и бакарот. Исклучок ќе има и за производите што ги исполнуваат условите од трговскиот договор меѓу САД, Мексико и Канада.
Потегот претставува најнов обид на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да ја продолжи својата царинска политика, откако Врховниот суд на САД во февруари ги поништи таканаречените реципрочни царини од 10 до 50 отсто, воведени врз основа на вонредни овластувања за намалување на трговскиот дефицит.
По одлуката на судот, Трамп воведе привремена царина од 10 отстои со важност од 150 дена, која истекува денеска.
Пред неколку дена, Белата куќа објави дека воведува нови царини од 50 отсто на голем број производи од Канада, потег кој дополнително ги заострува трговските односи меѓу САД и еден од нивните клучни партнери.
Се смета дека новите финансиски оптоварувања ќе опфатат канадски увоз вреден околу 20 милијарди американски долари, а мерката е предвидено да стапи на сила на 19 август, точно 30 дена откако претседателот Доналд Трамп ќе го потпише указот.
Новите царини од денеска стапија на сила, додека стоките што веќе се во транзит ќе бидат изземени до 28 јули.
Експертите предупредуваат дека новите давачки најверојатно ќе ги зголемат трошоците за компаниите и потрошувачите, иако ефектите би можеле делумно да се ублажат поради исклучоците за одредени производи. Воедно, се оценува дека погодените земји ќе настојуваат да ја намалат зависноста од американскиот пазар преку продлабочување на трговската соработка со други партнери.
Неколку држави веќе реагираа на мерката. Бразил ги оцени царините како неоправдани и произволни и најави можен одговор според својот закон за реципроцитет.
Јапонија изрази жалење поради одлуката, нагласувајќи дека нејзината трговија се одвива во согласност со меѓународните правила, додека Австралија ги оцени царините како целосно неоправдани.
Кина повторно ги отфрли обвинувањата за принудна работа и порача дека се противи на воведување еднострани царини, иако меѓународни организации за човекови права и натаму тврдат дека такви практики постојат, особено во регионот Синџијанг.
Оваа мерка администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја предложи на почетокот на јуни.
„Неуспехот на нашите најважни трговски партнери да се справат со увозот на стоки направени со принудна работа е неприфатлив. Ова создава динамика во која американските работници се ставаат во неповолна положба на глобалниот пазар“,
изјави тогаш американскиот трговски претставник, Грир.
