Инцидентот се случил на 21 јули попладне, кога сопружниците со автомобил излегувале од фирмата во нивна сопственост во селото Трубарево
Им го попречил патот, застанал пред нивното возило со нож во рацете и агресивно замавнувал упатувајќи им навреди и закани. Потоа, со ножот ја исекол левата задна гума од автомобилот. Додека оштетениот се обидувал да го смири, неговата сопруга, исплашена од случувањето, побегнала и влегла во блиско казино, од каде што повикала полиција
Поведена е постапка против 30-годишник што со нож им се заканувал на газдите кај кои работел поради неисплатени дневници, соопштија денеска од Обвинителството.

Осомничениот се товари за кривично дело загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.
Инцидентот се случил на 21 јули попладне, кога сопружниците со автомобил излегувале од фирмата во нивна сопственост во скопското село Трубарево.
„Осомничениот им го попречил патот, застанал пред нивното возило со нож во рацете и агресивно замавнувал упатувајќи им навреди и закани. Потоа, со ножот ја исекол левата задна гума од автомобилот. Додека оштетениот се обидувал да го смири, неговата сопруга, исплашена од случувањето, побегнала и влегла во блиско казино, од каде што повикала полиција“,
се вели во описот за настанот.
Јавен обвинител до судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје доставил предлог за определување мерки за претпазливост за осомничениот, како напуштање на живеалиште или престојувалиште, привремено одземање патна исправа и забрана за приближување до оштетените.
