Усвоениот закон вклучува неколку одредби со кои се издвојуваат стотици милиони долари за заеднички воени проекти меѓу САД и Израел. Дел од демократите се обидоа да ја оспорат ваквата одредба, но нивните предлози не добија поддршка
Претставничкиот дом на САД со тесно мнозинство го усвои Законот за овластување на трошоците за националната одбрана за фискалната 2027 година одобрувајќи рекордни 1,15 билиони долари за воени трошоци, согласно барањето на американскиот претседател Доналд Трамп. 216 пратеници го поддржаа законот а, 212 гласаа „против“.

Усвоениот закон вклучува неколку одредби со кои се издвојуваат стотици милиони долари за заеднички воени проекти меѓу САД и Израел. Дел од демократите се обидоа да ја оспорат одредбата што предвидува зајакнување на безбедносната соработка меѓу САД и Израел, но нивниот предлог не доби поддршка.
Демократите се противат на износот на средства доделени на Пентагон во време кога администрацијата на Трамп и републиканците спроведуваат намалувања на социјалните програми. Републиканците, пак, оценија дека буџетот од над билион долари е неопходен за поддршка на вооружените сили во услови на војната со Иран, како и за финансирање на развојот на одбранбени системи и друга воена опрема.
Законот предвидува и зголемување на платите на припадниците на вооружените сили од пет до седум проценти во следната година, во зависност од нивниот чин.
