„Цистерната ќе биде во функција на пациентите и болничкиот персонал за хигиенско-техничките потреби, со цел да се обезбедат што подобри услови за непречено функционирање на болницата“, соопштија од болничката управа
Во кругот на Општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар синоќа е поставена цистерна со вода за задоволување на хигиенските потреби на пациентите и вработените – информираат денеска од болничката управа.

„Цистерната ќе биде во функција на пациентите и болничкиот персонал за хигиенско-техничките потреби, со цел да се обезбедат што подобри услови за непречено функционирање на болницата“,
соопштија денеска од болничката управа.
Возилото е обезбедено преку комуналното претпријатие „Тетово“ и ќе биде на располагање наредниов период.
Директорот на болницата Емри Бајрами вчера изјави дека на сите болнички одделенија е обезбедена флаширана вода за пиење за пациентите и болничкиот персонал.
