Во состав на делегацијата ќе бидат министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за здравство Сашо Клековски, директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски и владината портпаролка Марија Митева
Претставници на Владата попладнево во 16 часот ќе ја посетат ЈЗУ Општа болница „Ферид Мурад“ Општина Гостивар – најавија од владината прес-служба.

Во состав на делегацијата ќе бидат министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за здравство Сашо Клековски, директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски и владината портпаролка Марија Митева.
За време на посетата на гостиварската болница, владините претставници се очекува да дадат изјава за медиумите.
Владата на денешната седница прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар поради новонастанатата ситуација со водата за пиење во градот, чии анализи утврдија дека е загадена и не може да се употребува за ниту една намена. Целта на прогласената кризна состојба, велат од Владата, е побрза институционална координација, ставање на водоснабдителниот систем во функција и обезбедување вода за пиење во најкраток можен рок
