Веднаш по нападот, Н.И. бил пренесен во Клиничката болница во Битола каде му била укажана лекарска помош

Министерството за внатрешни работи информира дека синоќа во 19:50 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола било пријавено дека ресенчанец бил нападнат од мечка.
Според информациите со кои располага полицијата, нападот се случил додека 41-годишниот човек со иницијали Н.И. од ресенското село Курбиново собирал печурки.
Веднаш по нападот, тој бил пренесен во Клиничката болница во Битола каде му била укажана лекарска помош.
