На средбата, како што соопштија од Собранието, е разговарано и за парламентарната агенда и за актуелните институционални случувања во државата
Стабилното партнерство меѓу двете земји, засновано на заеднички демократски односи и тесна институционална соработка, е заклучокот од денешната средба на собранискиот спикер Африм Гаши и вршителката на должност амбасадорка на Соединетите Американски Држави (САД) во земјава, Никол Варнес.

Како што соопштија од Собранието, на средбата е разговарано и за парламентарната агенда и за актуелните институционални случувања во државата.
„Истакната е важноста од ефикасното функционирање на демократските институции, зајакнување на улогата на Собранието и унапредување на реформите во интерес на граѓаните“,
велат од кабинетот на Гаши.

Соговорниците ја потврдија и заедничката заложба за натамошно продлабочување на партнерството меѓу С Македонија и САД, како и за унапредување на стратешкиот дијалог.
